Објавен повик за чартер летови за наши државјани од Љубљана
Владата објави јавен повик за организирање авионски превоз за наши државјани кои сакаат да се вратат во земјава (https://vlada.mk/node/20727), со чартер летови од Љубљана за 215 патници. Крајниот рок за организирање на летовите треба да биде до задутре во 12:00 часот.
-Право на учество има секоја авиокомпанија или туристичка агенција која ќе организира чартер летови од градовите во Европа до Република Северна Македонија. Критериум за избор на најповолен понудувач е најниска цена. Генералниот секретаријат ќе склучи договор и ќе изврши плаќање на избраната најповолна понуда врз основа на дадениот критериум за избор, соопшти владината прес-служба.
Понудите на повикот треба да се достават електронски, заверени, потпишани од страна на одговорно лице и во скенирана форма на следната е-маил адреса: gs@gs.gov.mk
Крајниот рок за доставување на понудите е 26.03.2020 година до 08:00 часот.
Лицата кои ќе се пријават на повикот, при влез во авионот ќе потпишат договор со кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Северна Македонија и ќе пополнат Изјава дека се согласни по пристигнување во држвава да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена.
Лицата ќе бидат преземени од Меѓународниот аеродром Скопје, со организиран превоз до местата определени за државен карантин.
Лицата кои ќе патуваат имаат рок од 15 дена од денот на пристигнувањето да извршат уплата на сумата за авиобилетите согласно склучениот договор. Враќањето на средствата треба да го извршат на образец ПП-50 во кој треба да ги внесат следните податоци:
Назив на примач:
Буџет на Република Северна Македонија
Транс.сметка 100 000000063095
Сметка на корисник 630010001963019
Приходно конто 725939 00
Во цел на дознака: Враќање средства на сметка 040010007863713, расходно конто 420220 потпрограма 10.
-Договорот помеѓу патниците и Владата на Република Северна Македонија, во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Северна Македонија има својство на извршна исправа и може да биде предмет на извршување во случај на неисполнување на обврската од договорната страна, стои во соопштението.
За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Генералниот секретаријат на Владата, на телефонот 02/3118-022.
Ново на Сител
-
Хорор во Белград: Го извадил черепот на татко си од гробница и го чувал во плакарот
-
Кремљ: НАТО ја провоцира Украина да го продолжи конфликтот
-
Спречен шверц на поголема количина производи за широка потрошувачка од Косово кон Македонија
-
ДУИ: Волјата на албанскиот народ не е играчка што припаѓа на ВМРО-ДПМНЕ
-
Груевски: Откако СДСМ ги загуби изборите монструмот Добрила Кацарска во обид да се прикаже како жртва
-
Во сабота почнува полагањето на државната матура со тестот од првиот екстерен испит
-
Општина Аеродром: ДУП-от за Лисиче предвидува само една зграда, два парка и решава важни комунални прашања
-
Приведени крадци, одземеното возило вратено на сопственикот