Објавена наводна аудио снимка на Ал Багдади
„Исламска држава“ денеска, преку новинската агенција Ал Фуркан, поврзана со џихадистите, објави наводна аудио снимка на лидерот на ИД Абу Бакр ал Багдади.
Снимката е објавена по се погласните шпекулации околу судбината на Ал Багдади, откако ИД го изгуби поголемиот дел од територијата која ја контролираше во Ирак и Сирија.
Командантот на американските сили кои се борат против ИД во Ирак и Сирија, генерал полковник Стивен Таунсенд, кон почетокот на месецов изјави дека верува дека Ал Багдади е жив. Тоа е во спротивност со тврдењата на Русија дека најверојатно руските сили го убиле Ал Багдади во водушен напад на градот Рака, во мај годинава.
Не е познато кога е направена 46-минутната снимка, но според содржината, таа е снимена неодамна. Во неа се спомнуваат заканите на Северна Кореја упатени кон САД и Јапонија
„Ох, војници на исламот и поддржувачи на калифатот насекаде, интензивирајте ги нападите и вклучете ги седиштата на медиумите - неверници и идеолошки воени центри меѓу (вашите)цели ", вели гласот, за кој се верува дека е на Ал Багдади.
„Продолжете ги џихадот и благословените операции и не дозволувајте им на крстоносците и отпадниците да уживаат во добар живот или пријатно да живеат во нивните земји, додека вашите браќа се соочуваат со бомбардирање, убиства и уништување“, продолжи тој.
Ново на Сител
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка
-
Лефков: Филипче и СДС сега глумат декларативно оградување од ДУИ
-
Дефиле под маски
-
Шеќеринска: Патувањето кон членство во алијансата не е секогаш едноставно
-
Преглед на вестите од светот