Објавена „Преградувањето од Елсинор“ од Мирослав Демак
Издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје издаде нова книга поезија со наслов „Преградувањето на Елсинор“ од Мирослав Демак во препев на Звонко Танески.
„Преградувањето на Елсинор“ е избор песни од речиси сите објавени поетски збирки на Демак, а препејувач на неговите стихови од словачки јазик е Звонко Танески, професор на Катедрата за славистика на Универзитетот „Коменски“ во Братислава.
Авторот Демак е војводински Словак. Член е на Друштвото на писатели на Војводина и на Клубот на независни писатели при Асоцијацијата на писателски организации на Словачка, како и почесен член на Друштвото на словачки писатели со седиште во Братислава. Издал неколку поетски книги. Пишува и проза за возрасни, како и раскази и драми за деца. Составувач е на повеќе антологии. Се занимава и со книжевен превод, а носител е и на повеќе домашни и меѓународни награди.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот
-
За Водици се очекуваат голем број посетители
-
Снежен бран ја очекува Македонија