Објавени документите за работата на министерот Шапуриќ на веб страната
Согласно заклучокот на 34-тата седница на Влада на Република Македонија и нејзиното залагање за транспарентност и отчетност, на официјалната интернет страница на министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни компании Зоран Шапуриќ објавени се документи и информации во врска со работата и активностите на министерот и неговиот кабинет.
Како што соопштуваат од неговиот кабинет, на интернет страницата на министерот Шапуриќ, се достапни стратешките планови, буџетите, ревизорските извештаи, јавните набавки, правилник за внатрешна организација на Влада и Генерален секретаријат под кои и спаѓа неговиот кабинет, Правилник за систематизација на работни места, Листа на информации од јавен карактер, Правилник за заштитено внатрешно пријавување и овластено лице за прием на пријави по него, Овластени лица за заштита на лични податоци, Закони и подзаконски акти и Листа на вработени со официјални телефони и е-маил адреси.
Наведените документи се објвени на официјалната интернет страница http://www.mdi.gov.mk/во категоријата ,,Информации,, на следниов линк http://www.mdi.gov.mk/?page_id=624 , во категорија ,,Регулатива,, на следниов линк http://www.mdi.gov.mk/?page_id=387 и во категорија ,,За министерот,, / ,,Членови на кабинет,, на следниов линк http://www.mdi.gov.mk/?page_id=563.
Ново на Сител
-
14 осомничени за пожарот во Kочани се во притвор, меѓу нив и екс министерот Бектеши
-
Уште 17 потешко повредени во текот на ноќта пренесени на лекување во Србија, Грција и Австрија
-
Бектеши и Трајковски на распит во Кочани
-
Почнува контрола на сите ноќни клубови
-
Бектеши сеуште во полициска станица
-
Одредени мерки притвор за осомничените
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Демолирана општинската зграда на Кочани, граѓани фрлаа со камења и јајца