-->
-->
Објавено уште едно пострашно видео од нападот на легло змии кој го снимил ББС
-->
Од сите документарни емисии за животот на светот, можеби најголемо внимание во јавноста предизвикува Planet Earth II,Видеото односно нападот на легло змии од првата епизода кое може да го погледнете ОВДЕ шокираше милиони гледачи низ светот.
Во него за прв пат на островот Фернандин на Галапагос е снимен групен лов на змии на една морска игуана, а ББС сега открива како ова видео е снимено.
Иако игуаната која се обидела да помине низ леглото на змии преживеа, многу ја немаат оваа среќа.
Сепак, како што велат зоолозите змиите не ловат во чопор, туку секоја од нив се обидува пленот да го улови само за себе. Кога ситуацијата ќе се закомпликува, се случува дури и меѓусебно да се нападнат.
Во новата снимка на ББС може да се види и дека змија јаде припадник на својата врста како и неговиот плен.
"Тие не соработуваат, секоја змија се бори за себе", објаснува ББС.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028
-

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила
-

Лавров тврди дека Украинците ја нападнале резиденцијата на Путин, Зеленски негира
-

Во БиХ усвоена одлука за легализација на канабисот за медицински цели
-

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка
-

Таткото на прегазената Теодора: Барам иста правда за сите, зарем животот на мојата ќерка вредеше само 2 години?
-

Повисоки плати, нов концепт за матура, ѕид на срамот - Јаневска на брифинг со новинарите за плановите за 2026 година
-

Меморандум за претставување на Скопје како европски културен центар во 2028 година
