Облачно и студено со врнежи од дожд, на планините снег
Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места во северните делови ќе бидат од снег. Најобилни врнежи се очекуваат во западните делови, а локално ќе наврнат над 20 л/м2. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието, а дневната температура значително ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 5 до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и со засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 5, а максималната само до 6 степени.
Во понеделник ќе има преодна стабилизација на времето со пораст на дневната температура, а нов влажен бран се очекува во вторник кон крајот на денот и во среда, кога повторно ќе дува засилен северен ветер. Утринските температури кон крајот на неделата на повеќе места ќе бидат негативни, информираат од УХМР.
Ново на Сител
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
-

Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
-

Кавадарчанец физички го нападнал својот 74-годишен татко
-

Приведен кавадарчанец, физички ја нападнал својата поранешна сопруга
-

Мицкоски и Николоски ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид
