Облачно, со дожд и слаб ветер

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а во југоисточните делови ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а дневната од16 до 22 степена.
Во Скопје слично време, умерено облачно со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 9 до 19 степени.
Како што соопшти УХМР, од недела следува период на претежно стабилно и топло време со дневни температури кои речиси насекаде ќе надминуваат дваесет степени. Најсончево ќе биде во недела, а краткотрајно наоблачување со услови за појава на слаб локален дожд во западните делови ќе има во понеделник попладне.
В понеделник времето ќе биде сончево со мала умерена локална облачност. Во западните делови облачноста краткотрајно ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе биде во интервал од два до девет степени, а дневната од 18 до 24 степени.
Времето во вторник ќе биде сончево со мала до умерена облачост и со слаб западен ветер. Утринската температура ќе се движи од три до девет степени, а дневната од 17 до 24 степени.
Ново на Сител
-

Денес се избира градоначалник на Брвеница
-

ДИК: До 15ч излезноста во општина Брвеница е 40,49%
-

Втор круг претседателски избори во Бугарија
-

Со тешки повреди на главата заврши 16 годишник по тепачката меѓу навивачките групи Фемили Аеродром и Работнички
-

Респираторните инфекции ги полнат педијатриските оддели
-

20 години архипастирска служба на владиката Иларион
-

Во Прилеп има само 26 легални такси возила, над 150 се диви таксисти – донесена нова одлука за регулација на дејноста
-

Туристичките водичи да ги прошируваат понудите
