Облачно со локален пороен дожд, град и ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со услови за локално невреме, појава на град и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 15 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно особено во попладневните часови, со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде од 13 до 22 степена.
До сабота подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови, променливо облачно во попладневните часови, нестабилно, со поројни врнежи од дожд и грмежи.
В четврток ќе биде облачно преку целиот ден и се очекуваат пообилни врнежи од дожд, особено во јужните делови. Температурата ќе се движи од 14 до 21 степен. В петок и сабота врнежите ќе бидат полокализирани, преку денот ќе има и сончеви периоди, но ќе дува засилен северен ветер.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости