-->
-->
Обновени санитарните јазли во училиштето во прилепско Кадино село
-->
Со обновување на санитарните јазли заврши комплетното реновирање на училишната зграда на подрачното основно училиште „Срашо Пинџур“ во прилепско Кадино село, соопштија денеска градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески и Зоран Петрески, директор на ОУ „Страшо Пинџур“ .
Комплетното реновирање на санитариите е извршено со парични средства од локалниот буџет.
- Со обновувањето на санитарните јазли во ова подрачно училиште заврши комплетната реконструкција на училишната зграда во ова село. Средствата од 620 илјади денари се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа, изјави прилепскиот градоначалник Марјан Ристески кој го посети училиштето во Кадино Село.
Во училиштето во Кадино село учат 18 ученици од прво до петто одделение и е подрачно на основното училиште „Страшо Пинџур“ од Мало Коњари.
- Со ова се обезбедени сите современи услови за работа и за одржување настава за учениците. Претходно се обновени покривот, а сега е комплетирано и реновирањето на подовите во училишната зграда, вели Зоран Петрески, директор на ОУ „Страшо Пинџур“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Затворен мостот на Вардар кај Башино село во Велес
-
МОН денеска ќе ги префрли 120-те милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите
-
Ќе растат платите во Здравството
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче