Образованието и достапноста, клучни проблеми на лицата со хендикеп

Образованието, пристапноста и достапноста остануваат клучни проблеми на лицата со хендикеоп, ова денеска беше истакнато на средбата на организациите на лица со хендик со пратениците членови на Интер-партиската парламентарна група за правата на лицата со хендикеп ИППГ на која се дебатираше за предизвиците на хендикепираните лица во наредата година, за поактивно вклучување на прашањето за хендикепот на политичката агенда.
Според Елена Кочоваска од движењето против хендикеп „Полио Плус“, прашањето на хендикепот во политичката агенда е прашање на интерес.
- Проблемите се повеќекратни, најголем е проблемот што се испреплетени, а во таа насока се уште доминантен проблем е достапноста и пристапноста, како и образованието и вклучувањето на прашањето на хендикеп во регулаторните тела, почитувајќи го принципот „ништо за нас, без нас“, а со цел да се избориме бо борбата против дискриминацијата и прифаќањето на различностите во нашата татковина, истакна Кочовска.
Нагласи дека се уште не е виден интересот во самиот феномен на хендикеп и поради тоа граѓаните со хендикеп се соочуваат соразлични проблеми. Порача дека хендикепот сепак останува еден голем предизвик.
Претседателот на Интер-партиската парламентарната група Сашо Василевски информира дека со ИППГ покрај Полио плус работат уште 25 организации, а се очекува дека во иднина групата ќе ја сочинуваат над 50 организации.
- За жал се уште не постои регистар да видиме каде се има вакви организации низ цела Македонија. Наша цел е да го прошириме овој чадор. Многу важно е што со претседателите на значајните собраниски комисии како што се Комисијата за буџет, за еднакви можности.... на работните седници да повикуваат лица со посебни потреби каде сами ќе делуваат врз носење на позитивни законски регулативи, рече Василевски.
Според него, ова е историски значаен исчекор со кој, како што рече, сите праламентарци кои ќе ја водат ИППГ, ќе имаат стартна позиција во инклузијата на лицата со хендикеп.
Душко Миноски од Комисијата за заштита од дискриминација информира дека според нивни сознанија околу 50 проценти, на локално ниво, сеуште нема пристапност за хендикепираните лица.
- Со оглед на тоа дека имаат одредена попреченост, секоја држава која претендира да биде демократска, како што е нашата, има обврски и задача тоа да го направи, рече Миноски.
Потенцира дека уставна обврска е лицата со хендикеп да имаат еднаков третман.
Ново на Сител
-

„Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство“ - по 82 дена во болница, малата Бисера си оди дома
-

Важно за концертот на Дејвид Гета во Скопје: Билетите се заменуваат со нараквици, еве кога и каде
-

34-годишник физички ја нападнал сопругата и го искршил нејзиниот и телефонот на нивниот син
-

Уапсена скопјанка: Подолг период ја малтретирала 13-годишната ќерка и ја држела заклучена во соба
-

Детето со убод во срце во стабилна, но сѐ уште животозагрозувачка состојба
-

Путин: Постои можност за мировен договор за завршување на војната во Украина
-

Познат идентитетот на загинатиот на патот Охрид-Кичево: Животот го загуби младиот кошаркарски тренер Антонио Савески
-

Во дом на битолчанец пронајдени 42 пакувања со прашкаста материја
