Македонија
21. March 2024 - 16:49

ОБСЕ/ОДХИР ја почна набљудувачката мисија, во Македонија пристигнуваат 320 набљудувачи

Со 320 набљудувачи ОБСЕ/ОДИХР ја почнуваат набљудувачката мисија во Македонија за двата изборни циклуси. 12 интернационални експерти од 12 земји ќе бидат директно вклучени во мониторингот, а дополнително 20 долгорочни набљудувачи ќе бидат распределени низ целата држава од 27 април.

Непосредно пред изборите ќе пристигнат уште 300 набљудувачи, кои не само што ќе го следат текот на гласањето, туку и самата кампања и колку се спроведуваат препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Зголемениот број на набљудувачи за амабасадорката Стирк не се причина за загриженост дека очекуваат немири на изборите, туку биле одговор на препораките кои ги добиле од групата за проценка. Но не открива дали имаат сознанија за било какви нерегуларности.

До претседателските, а потоа и парламентарните избори и делегации на Советот на Европа и Европскиот парламент ќе го следат целиот изборен процес. Набљудувачите ќе ја напуштат Македонија на 19 мај, по што ќе следи и извештајот за тоа како биле спроведени изборите. Ова ќе бидат 22-ри избори во Македонија кои ги набљудува мисијата.