Обука за заштита на правата од интелектуална сопственост
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Данската Канцеларија за патенти и трговски марки денеска и утре во Скопје организира обука на тема „Граѓанско-правна заштита на правата од интелектуална сопственост“.
Дводневната обука е во рамки на ЕУ Твининг проектот „Зајакнување на спроведување на правата од интелектуална сопственост“.
На обуката ќе присуствуваат судии од граѓанските оддели и одделите за трговски спорови, претставници на Државниот завод за индустриска сопственост, независни економски експерти-вештаци, застапници за правата од интелектуална сопственост и претставници на други релевантни институции.
Воведни обраќања ќе имаат директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Анета Арнаудовска, и постојаниот твининг советник, Јане Хедегард.
Излагања поврзани со темата ќе имаат Зане Петерсон, судија на Оддел за граѓански случаи на Врховниот суд на Летонија, Еирлинг Вестергард, заменик јавен обвинител за сериозен економски криминал, назначен како национален експерт во Канцеларијата за хармонизација на внатрешниот пазар во Данска, и Маринела Јакасановска, судија на Основен суд Скопје 2.
Ново на Сител
-
Треновски: Оптимистички буџет со бројки кои тешко ќе се достигнат
-
Падна дел од барокната фасада на зграда во центарот на Скопје
-
Медиумска писменост ќе се воведе и во средното образование
-
Преглед на вести од светот
-
Мицкоски: Нема да го менуваме уставот додека не добиеме јасни гаранции
-
СДСМ бара комисиска седница за директорот на АНБ
-
Нова градинка во Ѓорче Петров
-
Глобална недела на медиумската писменост