Обвинение за двајца кои извршија тешки кражби во Скопје

Надлежен јавен обвинител од скопското Јавно обвинителство поднесе обвинение за две лица кои извршија тешки кражби во Скопје.
Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетите по претходен договор, заедно со умисла искористиле слични околности, па со провалување и кршење во два наврати одзеле туѓи подвижни предмети.
На 20 мај годинава, околу 13:00 часот провалиле во куќа во Скопје прескокнувајќи ја оградата и влегувајќи преку гаражата во внатрешноста на објектот. При тоа тие одзеле накит и часовници во вкупна вредност од 112.233,00 денари. Истиот ден, околу 15:00 часот, обвинетите со употреба на погоден предмет го скршиле прозорот од друга куќа, влегле внатре и по претурање одзеле накит и извршиле демонтирање и одземање на клима уреди и радијатори со вкупна вредност од 31.450,00 денари.
Поради стореното, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог до Основниот суд Скопје 1 Скопје против обвинетите со кои ги товари дека сториле кривично дело тешка кражба.
Едновремено со поднесување на обвинението, јавниот обвинител доставил и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за двајцата обвинети, бидејќи ценеше дека се уште постојат основите за нејзино определување.
Ново на Сител
-

Хакерски напад и врз системот за ладење на француската банка за крв
-

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, кои ќе се гонат за компјутерска измама и злоупотреба на службена положба
-

Калас: Гласачите во САД јасно ја изразија својата волја, очекувам поголем притисок врз Русија
-

Децата во Германија, Австрија и Унгарија за Ноќта на вештерките добиле колачиња со игли и шајки
-

Познат идентитетот на починатите во Богданци: Билјана (17) и Виктор (21) – обвинителството се сомнева на убиство и самоубиство
-

Вајц: Кос треба да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е неразделен дел од евроатлантската безбедност, потребна е поголема отпорност на хибридни закани
-

Мицкоски од Дизелдорф: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања
