Оценската мисија на ЕУ во контрола додека земјата води дебата за измените во Кривичен и предлог Законот за амнестија
Набиена агенда на оценската мисија на ЕУ која ги скенира состојбите во Судскиот совет. Двапати посета на советот, разговор со судијката која поднесе оставка како член, посета на Врховниот суд, средби со невладините се само дел од активностите на тимот европски судии предводени од Бранко Хрватин. Од делегацијата на ЕУ во земјава велат целта на посетата е да се скенираат случувањата во правосудсниот систем. Заклучоците дополнително ќе бидат објавени.
Оценската мисија што ја скенира состојбата во правосудството доаѓа во време кога се случуваат измени на Кривичниот законик, а се чека и новата амнестија предложена од правда. Но, за ова, денеска министерот Лога одби да говори. На брифинг ќе ги одговорел сите прашања.
И додека судии од земји членки на ЕУ истражуваат што довело до превирањата во судски, Унијата со нов тригодишен проект вреден 10 милиони евра ќе го зајакнува правосудниот систем во државата. Планира обука за судии и обвинители, поддршка за полицијата и антикорупциската комисија.
Оценката мисија на ЕУ првпат во земјава дојде во јули, поради скандалите во Судски кои донесоа разрешување, оставки и неуспешен избор за нов член на советот.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар