Од 1 до 5 септември втор рок за пријавување за субвенциониран студентски оброк
Студентите од втора и повисоките години, кои го пропуштија првиот рок за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2023-2024 година, може да поднесат пријава од 1 до 5 септември.
-Пријавувањето се врши преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, а по завршување на рокот за пријавување, кандидатите ќе добијат известување. Потоа, од Шпаркасе банка, како банка со која Министерството за образование и наука склучи нефинансиски договор за реализација на мерката, ќе бидат повикани да склучат договор за отворање посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка преку која единствено ќе можат да ги користат средствата, соопшти Министерството за образование и наука.
Аплицирањето за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар ќе трае од 27 септември до 2 октомври.
-Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите им се олеснува животот за време на студирањето. Финансиската поддршка во износ од 140 денари дневно е наменета за купување здрава храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна, наведува МОН.
Ново на Сител
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро