Бизнис
28. May 2024 - 16:48

Од 1 јуни Македонците полесно до работна виза во Германија

Од сабота Mакедонците полесно до работа во Германија. Стартува третата фаза од Законот за привлекување квалификувани работници, со цел да се пополни недостигот на кадар со кој се соочува европската веле сила.

Од 1 јуни двојно е зголемена квотата за граѓаните од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија. Наместо 25 илјади, со работа веднаш ќе можат да почнат 50 илјади работници.

- Потребен е секаков стучен кадар, а со развојот на вештачката интелегенција, најмногу фалат ИТ експерти, програмери, изјави Улрих Цаител, член на Економски совет на ЦДУ

Измените не се однесуваат за работните места каде мора да се нострифицира дипломата, како на пример за доктори и медицински персонал. За сите останати професии, чии дипломи се признати во Германија и имаат 2 години стаж во матичната земја, не мора никаков доказ.

Може ли да се случи масовен одлив на квалификуван кадар, кој што и кај нас недостасува? Економистите - оптимисти.

Новите законски измени предвидуваат Германскта Федерална агенција за вработување да издава дозволи за вработување однапред, а не како претходно -  одобрение. Таа дозвила работодавачите ќе можат да ја побараат преку интернет. Штом Агенцијата ќе даде дозвола, идниот работник од Западен Балкан ќе може да побара германска виза за престој и работна виза.