Од 1.203 заразени со Ковид-19, најмногу се на возраст над 60 години
Од 1.203 заразени со Ковид-19 во периодот од 28 септември до 4 октомври најголем број – 239 (19,9 отсто) се лица на возраст над 60 години, 222 (18,5 отсто) од 30 до 39 години, 220 (18,3 отсто) од 40 до 49 години, 200 (16,6 отсто) од 50 до 59 години, а 194 (16,1 отсто) на возраст од 20 до 29 години, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.
Во однос на минатата недела, како што се посочува, најголемо зголемување на бројот на ново регистрирани случаи се бележи во возрасните групи од 20 до 29 години и од 30 до 39 години, за 60 отсто односно 46,1 отсто. Најголем број од регистрираните – 519 (43,1 отсто) се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово – 192,3 на 100.000 жители.
Пријавени се 30 смртни случаи, што е 7,1 отсто повеќе во однос на претходната недела. Во однос на возраста, 24 лица биле на возраст над 60 години, а шест лица на возраст од 50 до 59 години. Дваесет и девет од случаите биле хоспитализирани, а само едно лице од починатите не било хоспитализирано. Коморбидитети се регистрирани кај 20 починати лица, стои во извештајот.
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
