Живот
10. May 2016 - 12:44

Од 18 години се "навлекол" на стероиди а тие го претвориле во ѕвер од 140 килограми!

Рич Пиана е еден од најпознатите бодибилдери на светот, единствено поради тоа што отворено признава дека со години користи стероиди. 
 
Тој не изгледа како другите спортисти и билдери, има огромни мускули, а целото тело му е прекриено со тетоважи. Сепак, тоа не е резултат на посветеното вежбање, туку на користењето стероиди кои ги зема од тинејџерските денови.
 
 
Стероидите ги користи во екстремни дози, што е опасно, а голем број негови колеги му пишуваат да не ги консумира.
 
Сепак, Пиана тврди дека е среќен и дека тоа е патот што го избрал, а неговото мото е „се што е потребно“.
 
 
Неговата мајка исто така била бодибилдерка, па Пиана почнал да тренира кога имал само 11 години. На првото натпреварување се појавил на 15 години, но не се пласирал. По неколкуте неуспешни обиди, почнал да консумира стероиди, и сега ги користи веќе 27 години.
 
Рич Пиана никогаш не криел дека зема стероиди и јавно објавува фотографии на кои се гледа колку многу зема. Вели дека ако има избор, подобро е да се развива телото природно, бидејќи ако нема причина за користење стероиди само се прави штета на телото.
 
 
„Сепак, ако сакате да бидете професионален бодибилдер, веројатно ќе мора да почнете да ги користите. Целосно сум среќен што го избрав овој пат во животот и ништо не би менувал. Среќен сум што почнав да ги земам во 18-тата година“ - вели Пиана.
 
На хормоните за раст троши 2.500 долари месечно, а дополнителни средства троши на стероиди. Заработува од рекламите и од профилите на социјалните мрежи.