Од 30 на над 200 елени: Успешната приказна на репродуктивниот центар во НП Галичица | ФОТО

Репродуктивниот центар за елени во Националниот парк Галичица предизвика голем интерес во јавноста откако неодамна беше објавено видео кое ги воодушеви граѓаните. По бројните прашања поврзани со грижата, исхраната и безбедноста на елените, од паркот денеска објавија и фотографии кои ја прикажуваат секојдневната работа на терен.
Како што информираат од Националниот парк, за елените секојдневно се грижи посветената ренџерска служба. Ренџерот Лазе, заедно со неговите помошници Јане и Кире, постојано се присутни во центарот, обезбедувајќи храна и вода, вршејќи редовни контроли и грижејќи се за безбедноста и благосостојбата на животните.

Резултатите од овој пристап се видливи. Додека во 2019 година популацијата броела околу 30 елени, денес таа е зголемена на над 200 единки. Дополнително, центарот е обезбеден со видео-надзор систем, кој овозможува постојано следење и брза реакција во случај на било каква закана.
Репродуктивниот центар беше отворен во 2019 година со цел активно управување со високопланинските пасишта, заштита и обновување на популацијата на елени и долгорочно зачувување на биолошката разновидност во Националниот парк Галичица. Од управата истакнуваат дека ваквиот модел придонесува за здрави екосистеми, природна рамнотежа и одржлива иднина на паркот.

Од Националниот парк им се заблагодаруваат на граѓаните за покажаниот интерес и поддршката, нагласувајќи дека грижата за природата е заедничка одговорност.

Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
