Од денеска продолжува редовното пријавување на невработените лица во Агенцијата за вработување
Сите невработени лица од денеска треба да продолжат со редовното пријавување на секои 30 дена, за активните баратели на работа, односно на секои шест месеци, за другите лица кои бараат работа. На невработените кои во Агенцијата за вработување имаат оставено контакт телефонски број им е испратена порака со точен датум кога треба да се пријават, а останатите треба тоа да го направат во следните триесет дена.
– Секое невработено лице кое има оставено контакт телефонски број веќе е известено по СМС порака за точниот датум кога треба да се пријави во надлежниот центар за вработување или дисперзирана канцеларија, заради тоа што од денеска повторно е ставен во функција системот за распределување на термини за редовно пријавување, согласно законските рокови за пријавување на 30 дена односно 6 месеци, велат од Агенцијата за вработување.
Сите невработени лица кои се пријавувале во периодот кога беше запрено редовното приојавување, да го почитуваат терминот наведен во смс пораката, кој што е системски изгенериран.
Невработените лица кои немаат оставено точен контакт телефонски број и кои немаат добиено смс порака, потребно е да се пријават во наредните 30 дена.
При пријавувањето, потенцираат од Агенцијата за вработување, задолжително треба да се почитуваат препораките на Министерството за здравство за спречување на ширење на вирусот КОВИД 19, односно задолжително носење заштитни маски и одржување соодветна дистанца од другите лица.
Ново на Сител
-
Јапонија најави 61 милијарда евра за домашната индустрија за чипови
-
44-годишна жена ги нападнала сопругот и свекорот
-
Тројца скопјани физички нападнале 11 Турци во угостителски објект во Центар
-
Куче намириса 2 килограми кокаин на скопскиот аеродром | ВИДЕО
-
Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции
-
Ја голтнал дрогата што ја купувал кога видел полиција па завршил во болница
-
Кумановската полиција пронашла седумнаесет мигранти од Сирија
-
Почина еден од најуспешните винопроизводители во светот, Жозеп Ферер Сала