Од денеска уште три локации во Скопје за подигнување бесплатни билети за литургијата со папата

Освен во католичките парохии во државата, сите заинтересирани граѓани за присуство на централниот настан на 7 мај, света литургија на плоштадот „Македонија“ во Скопје, бесплатни билети ќе можат да подигнат и на улица „Македонија” кај Меморијалната куќа на Мајка Тереза, на излезот од ГТЦ спрема Плоштад „Македонија“ и на влезот од Старата Скопска чаршија (поранешна Стоковна куќа Мост), информира Координативното тело за организирање на посетата на Папата Франциск на Република Северна Македонија.
Штандовите поставени на наведените локации ќе работат од 9:30 до 17:30 часот, почнувајќи од денеска до 3 мај и ќе служат и за информирање на граѓаните за посебните безбедносни и организациски правила.
Како што информираат од владината прес-служба, сите граѓани кои на 7 мај ќе се упатат кон плоштадот „Македонија“ за да учествуваат на литургијата на Светиот Отец Папата Франциск, треба да пристапат во својата зона преку влезот кој е одреден на бесплатниот билет. Билетот да го чуваат со себе до крајот на литургијата.
– На 7 мај сите државни и приватни капацитети ќе бидат обезбедени со потребните услови за работа. Сите граѓани кои живеат или работат околу плоштадот „Македонија“ ќе имаат непречен пристап до своите живеалишта, односно места на работа, преку поминување на еден од одредените влезови. Важно е со себе да носат документ за идентификација. Внатре во зоната ќе имаат слободен пристап до сите локации, освен во затворената зона на самиот плоштад, за која е потребен билет за учество на литургијата, се вели во соопштението од владината прес-служба.
Користењето на автобусите на ЈСП и железничкиот сообраќај кон Скопје и надвор од Скопје ќе биде бесплатно за сите граѓани кои со себе ќе имаат важечки документи за идентификација.
Од владината прес-служба апелираат до сите граѓани кои живеат на територијата на Град Скопје, на 7 мај да го користат јавниот автобуски превоз при упатувањето кон своите работни места, како и до сите граѓани кои ќе патуваат кон Скопје тој ден, да го користат железничкиот превоз и да избегнуваат користење на автомобили.
Сите паркинзи на ПОЦ (Општина Центар), ЈП Градски Паркинг и АДСПС во Градот Скопје ќе бидат бесплатни на 6 мај после 17 часот, како и на 7 мај во текот на целиот ден.
Ново на Сител
-

РКЕ: Нови цени на горивата од полноќ, бензините поскапува за три, дизелот за шест денари
-

Димитриеска-Кочоска: Владата донесе одлука за намалување на акцизата на горивата
-

Милановиќ со критики за францускиот протокол: Вучиќ не требаше да биде сместен пред Пленковиќ на воената парада во Париз
-

Две лица загинаа и повеќе од 80 се повредени за време на прославите на светската титула на Шпанија
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани осум пожари на отворено, еден сè уште активен
-

Трамп сака САД наскоро пак да бидат домаќини на СП во фудбал
-

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, активно се следи состојбата на терен
-

Бернам: На Велика Британија и треба нов политички и економски модел
