Од денеска задолжителен негативен ПЦР тест за влез во Србија
– Од денеска за влез во Србија задолжителен е негативен ПЦР тест, не постар од 24 часа, освен за транзитните патници, кои мора за 12 часа да излезат од Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
По денешната седница на Кризниот штаб, епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ изјави дека се усвоени предлозите да се дозволи работа на трговски центри до 20 часот, како и дека сите услужни дејности ќе работат до 20 часот во работните денови. Кафулињата и рестораните можат да работат до 20 часот, наместо досега до 17 часот, притоа почитувајќи ги постојните мерки, „без употреба на музика во каква било смисла“, додаде тој. Мерките треба да бидат усвоени од Владата на Србија.
Тиодоровиќ оцени дека денешната седница на Кризниот штаб била „сериозна и тешка“ и додаде дека новите мерки ќе важат до петок, кога ќе се направи нова проценка на епидемиолошката состојба. Тогаш, како што кажа, ќе се процени дали тие мерки ќе бидат продолжени, изменети или дополнети.
Коментирајќи ја работата на кафулињата и рестораните без музика, тој оцени дека се смета „ дека луѓето се релаксираат со музика, дека не ги почитуваат мерките и постои можност за полесно пренесување на вирусот“.
Културните институции ќе продолжат да работат до 21 часот, додаде Тиодоровиќ.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера