Од нејзините облини фоторепортерите ги боли глава: Ешли заведува со висок шлиц и длабоко деколте
„Плус сајз“ моделот се појави на пост- Оскаровската забава на “Vanity Fair”, која секоја година се организира, а на неа присуствуваат голем број на модни блогерки, музичари, глумци и луѓе од секоја област во Холивуд, особено оние кои не добиле покана за присуство во Театарот Долби.
Сосема очекувано од Ешли Грахам, во нејзин стил се појави на оваа забава заедно со својот сопруг Џастин Ервин со кој не ги сокриле емоциите пред фоторепортерите.
Ешли не ги поштеди ниту фановите, па мудро и храбро покажа повеќе гола кожа на забавата.
Атрактивната манекенка се појави во долга сива тоалета која на целосниот изглед даде примеси на футуристички изглед.
Длабоко деколте, голем шлиц, сосема доволно за да ги збуни фановите, да ги предизвика фотрепортерите и да докаже зошто е таа најплатената и најбараната плус сајз манекенка.
Ново на Сител
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски