Од понеделник постепен раст на температурите

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6 степени.
Во Скопје променливо облачно и студено со температура до 3 степени Целзиусови.
Според прогнозата на УХМР, за утре се најавува променливо облачно и студено време. Утринските температури ќе бидат во интервалот од -10 до -2 степени, а максималната дневна од -1 до 6 степени. Во Скопје слично време, со студено утро и температура од -4 и дневната до 5 степени.
Во земјава до недела ќе се задржи променливо облачно и студено време со умерен северен ветер. Температурите и понатаму ќе бидат значително под просекот за овој период од годината.
Утринските температури ќе бидат особено ниски, па на некои места ќе се спуштаат под -10 степени, а најниски ќе бидат за време на викендот. Постепен пораст на температурите ќе започне од понеделник. Во сабота температурите ќе бидат: утринската од -12 до -3, а дневната од -2 до 6 степени, во недела од -13 до -3, односно од 0 до 8 степени. Во понеделник од -9 до -1, односно од 3 до 10 степени и во вторник и среда студени утра со дневни температури од 5 до 12, односно од 6 до 13 степени.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: ДДВ за горивата се намалува на 10%, граѓаните заштедуваат 1,5 милиони евра неделно
-

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење
-

Грчки медиуми: Северна Македонија го намали речиси за половина ДДВ-то на горивата
-

На Попова Шапка најстудено -3 степени и 57 сантиметри снег
-

ОН предупредуваат: Климатската криза се продлабочува поради растечки енергетски дисбаланс
-

Без вода дел од Центар и Пржино
-

Муцунски во Брисел на средби со еврокомесарката за проширување Марта Кос и други претставници на ЕК и ЕП
-

Две лица загинаа откако авион на „Ер Канада експрес“ удри во противпожарно возило на аеродромот во Њујорк
