Од понеделник вакцинација на населението од руралните средини во охридско
Медицински тимови составени од лекар и сестра од понеделник ќе почнат со теренска вакцинација на населението од руралните средини во охридскиот регион како и во населените места на Општина Дебрца.
Имунизацацијата на населението ќе се врши со кинеската вакцина„Синовак“, а граѓаните нема да мораат да се пријавуваат преку системот „Мој термин“. Однапред се одредени местата и термините каде ќе се спроведува имунизацијата, а населението е запознаено преку информативен материјал, како и преку претседателите на месните заедници.
Предвидено е да се спроведува вакцинирање во четири до пет села дневно, а оние што сакаат да се вакцинираат доволно е само да приложат документ за лична идентификација.
Теренската имунизација во охридскиот регион е предвидено да трае до 23 јули. Инаку, паралелно се спроведуваа имунизација на населението во вакциналниот пункт при Здравствен дом, како и во вакцинација и ревакцинација во Регионалниот пункт во спортската сала „Билјанини извори“.
Ново на Сител
-

Колони возила на бензинските станици
-

Колони возила на бензинските станици
-

Тема на денот со Тони Менкиновски, адвокат
-

ВМРО-ДПМНЕ со слики го потсети Филипче дека лажеше за мигрантите, СДСМ тврди дека мигрантите доаѓаат
-

Почна со работа меѓупартиската група за Изборен законик
-

Невладиниот сектор алармира: Имаме политики за заштита на жените, но не се имплементираат
-

83 години од депортацијата на штипските евреи
-

Од полноќ дизелот поскап за 14,5 денари, гужва на бензинските
