Од руско заробеништо вратени 4.306 украински војници
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина вратила 4.306 лица од руско заробеништво, потврдувајќи ја посветеноста на државата да обезбеди ослободување на сите заробени Украинци, пренесе Укринформ.
Зеленски ја даде оваа изјава за време на говорот пред учесниците на конференцијата на Координативниот штаб за воени затвореници насловена „Надеж, борба, враќање – три години“.
– Веќе повеќе од три години – речиси целото времетраење на оваа војна, нашиот Координативен штаб – со сите служби работат на враќање дома на нашите војници кои беа заробени. Над четири илјади луѓе веќе се вратија – 4.306. И ние ќе ги вратиме сите. Сите мои преговори, секоја средба со партнерите кои можат да помогнат, го вклучуваат и прашањето за воените затвореници, рече Зеленски.
Тој посочи дека последната група украински воени заробеници биле ослободени на 19 март
Ново на Сител
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата
-
Пронајдена дрога на работното место кај полицаец од Охрид
-
Сиљановска-Давкова: Секое дете може да дојде до израз ако му се даде шанса
-
Почна нов циклус на обуки на АХВ за едукација на потрошувачите
-
Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада
-
СДСМ: Mицкоски да не се кити со туѓи перја
-
Дебарските пожарникари за три месеци евидентирале 31 интервенција