-->
-->
Од струен удар починал 21-годишен градежен работник
-->
Дваесет и едногодишен вработен во градежна фирма Џ.В. од скопското село Моране вчера починал од струен удар додека на ул. „Герника“ се изведувале градежни работи - истовар на цигли од товарно возило со кран.
МВР соопшти дека случајот бил пријавен вчера во 13 часот. Несреќата се случила откако дел од кранот се заплеткал во жици со електричен напон, при што Џ.В., кој стоел непосредно до кранот, починал како последица на струен удар.
Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на фамилијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024