Од урнатините на зградата во Индија досега извлечени 20 мртви тела
Уште тела се извлечени од под урнатините на зградата во близина на главниот индиски финансиски центар Мумбаи, со што вкупниот број на загинати денеска се зголеми на 20, соопшти локалната полиција, пренесе ДПА.
Трикатната станбена зграда во густо населената населба Биванди се урна вчераутро, додека повеќето станари се уште спиеле. Проценките се, наведува ДПА, дека во време на колапсот во зградата имало повеќе од 60 станари.
-Меѓу загинатите има девет деца, изјави претставникот на локалната полиција, Малоји Шинде.
Спасувачката операција продолжуваа со помош на Националните сили за помош при катастрофи (НДРФ).
-Најмалку уште 20 лица е можно се уште да се наоѓаат заробени во урнатините, изјави официјален претставник на НДРФ, цитиран од весникот „Хиндустан Тајмс“.Локалната полиција соопшти дека зградата била стара над 35 години и имала потреба од поправки, но дека жителите не ја испразниле и покрај тоа што тоа им било побарано.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода скопјанец баран со потерница за затворска казна од една и пол година
-

Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје, нестабилно и во Полог и Овче Поле
-

ЦУК: Регистрирани пет пожари на отворен простор, еден сѐ уште активен
-

Сиљановска-Давкова и Бројер: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО, има простор за продлабочување на билатералната соработка
-

Мортус пијан тетовец со 2,49 промили алкохол сакал да ограби казино со нож
-

Мисајловски: Ги цениме германската поддршка и партнерство во развојот на нашата Армија
-

ЦУК: Активен пожар во кичевското село Србица, пожарот во селото Бајково во општина Ново Село под контрола
-

Платил 28.700 евра на лажен службеник за враќање на запленето злато, останал и без пари и без злато
