Од утре брзи антигенски Ковид-19 тестови на охридскиот аеродром
На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ патниците ќе можат да направат брзи Ковид-19 тестови. Услугата ќе се реализира преку соработка на „ТАВ Македонија“ и Клиниката „Жан Митрев“ односно нејзината лабораторија за генетика и персонализирана медицина, што ќе врши брзи антигенски тестови.
Пунктот за тестирање се наоѓа во непосредна близина на влезот на терминалната зграда, а ќе работи секој ден кога ќе има летови до земјите што бараат негативен брз антигенски тест и тоа четири часа пред времето на поаѓање до секоја од дестинациите.
– Во моментов, на охридскиот аеродром, во пунктот за COVID-19 тестирање на Жан Митрев, можат да се направат брзи антигенски тестови и брзи PCR-тестови, одобрени од СЗО. За сите други Ковид-19 тестови, ги повикуваме патниците да го направат тоа во овластена лабораторија пред да пристигнат на аеродромот, се наведува во соопштението од „ТАВ Македонија“.
Од компанијата уште нагласуваат дека со оглед на моменталната состојба во која земјите од ЕУ/Шенген зоната постојано ги менуваат правилата за патување поврзани со Ковид-19 и имајќи го предвид фактот дека секоја земја независно прави промени во однос на ограничувањата за патување за граѓаните на Република Македонија, препорачливо е патниците пред нивниот лет да ги проверат најновите барања за патување со нивната авиокомпанија и Амбасадата на земјата во која планираат да пристигнат.
Инаку, за престојниот летен период од охридскиот аеродром каде моментално има само две авиолинии, од крајот на јуни се очекуваат 13 редовни дестинации и шест сезонски чартер летови.
Ново на Сител
-
Веста дека починал Илија Темелковски не е точна
-
Кривична за поранешниот директор на охридската Општа болница
-
На Санторини прогласена вонредна состојба
-
Неколку лица ограбиле, па запалиле деловен објект во Бутел
-
25-годишен маж по расправија со својот брат, си ја запалил куќата
-
Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски
-
МВР: Извршени претреси на 16 локации во Одделот за општи и заеднички работи
-
ZANO донира инхалатори за пациенти со муковицидоза