Од утре се укинува задолжителниот ПЛФ формулар за влез во Грција
За патување во Грција, од утре, повеќе нема да биде потребно да се пополнува формуларот ПЛФ (Passenger Locator Form), што веќе 20 месеци беше задолжителен и неопходен документ за влез во земјата, а важеше и за државјаните на Северна Македонија кои патуваат кај јужниот сосед, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерот за туризам на Грција, Василис Кикиљас пред десет дена соопшти дека „по препорака од Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство, од 15 март 2022 година се укинува пополнувањето на формуларот Passenger Location Form (ПЛФ) за сите посетители од сите земји за влез во Грција“ и додаде дека укинувањето го олеснува процесот за влез на туристи и акцентот ќе биде на контролата на сертификатите.
Измените се вклучени и во последната министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19“ што е во сила до 21 март 2022 година, а како што веќе објави МИА минатата седмица, предвидува дека „сите патници во Грција, без разлика на националноста и начинот на влез во земјата до 14 март 2022 година, го пополнуваат електронскиот формулар ПЛФ“.
Задолжителното пополнување на ПЛФ формуларот, Грција го воведе на 1 јули 2020 година кога по првиот бран на Ковид-19 и првиот карантин постепено почна да ги отвора границите за странски државјани.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација
-
Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции
-
Се заканувале со остар предмет и ги земале парите од дневниот промет - приведени двајца разбојници во Куманово