Од утре упис на првачиња во Аеродром според протокол

Од утре, 1 јуни, почнува уписот и тестирањето на првачињата во сите основни училишта во Општина Аеродром по строго утврдени правила како мерки за заштита од корона вирусот.
Пред влезот на секое училиште ќе има поставено средство за дезинфекција на обувките и рацете, како и едукативно-инфотмативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки.
На сите родители и деца кои имаат закажан термин за упис, во интервали од 20 минути на влезот ќе им се мери температурата со дигитален топломер. Родителите задолжително треба да носат заштитна маска на лицето и ракавици и да одржуваат физичко растојание. Исто така, треба да знаат дека е строго забрането групирање на присутните во училиштето.
Разговорот со секое дете што се запишува во прво одделение ќе се врши во определена просторија за таа намена, која овозможува најмалку два метра оддалеченост меѓу присутните. Во неа може да присуствуваат само членовите на Комисијата за запишување, детето и еден од родителите или старателите на детето. Просторијата почесто ќе се проветрува, по можност за време на разговорот и задолжително во текот на паузите. По завршување на секој разговор просторијата ќе се исчисти и со специјално средство против вируси ќе се дезинфицираат работната површина на која се работело со детето и подот. Во оваа просторија и на излезот од училиштето ќе бидат поставени корпи за отпадоци со капак.
-Апелираме да се почитува овој протокол за упис на првачињата, изготвен во согласност со препораките на Министерството за образование и наука, наведува Општина Аеродром.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
