Одбележување 90 години од раѓањето на Димитар Ќорнаков

По повод 90-годинишнината од раѓањето и 60 години активна творечка и научна дејност на д-р Димитар Ќорнаков, во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје, денеска, ќе се одржи промоција на неговите монографски изданија „По трагите на нашите предци“ и „Македонски манастири“, кои излегоа од печат во издание на „Матица македонска“.
На промоцијата за значењето на овие дела и за придонесот на Ќорнаков во афирмирањето на македонското културно наследство, ќе говори писателот Раде Силјан.
Димитар Ќорнаков (Стојаково,1927) и припаѓа на првата генерација македонски истражувачи на средновековната уметност. На уметноста на копаничарството и посвети најголем дел од својата истражувачка и научна работа.
Автор е на монографските книги: Творештвото на мијачките резбари на Балканот од крајот на 18. век, Македонска резба, Македонски манастири, Резбарски центри во Македонија, Полошки манастир, Соборните храмови во Македонија, Царски двери, Слимнички манастир, Копаничарот Димитар Станишев од Крушево, Копаничарот Макариј од Галичник, Цркви и манастири во Тиквешијата и други.
Ќорнаков е добитник на национални и меѓународни награди, меѓу кои и на наградите „Свети Климент Охридски“ за животно дело од областа на културата и „13 Ноември“ на град Скопје.
Ново на Сител
-

Се укинува Пржинската влада
-

Претседателот Пармелан на средба со премиерот и стопанствениците
-

Се укинува Пржинската Влада
-

Тема на денот со Даниела Иротова Лазарева, директорка на Агенција за финансиска поддршка на земјоделието
-

Ужас во Гостивар - 15 годишник ја силувал помалата сестра
-

Народен правобранител: Системот со сериозни слабости, секое петто дете е жртва на сексуално насилство
-

Треба ли државата да ги забрани социјалните мрежи за децата
-

Собранието решава за техничката влада
