Одбиени сите тужби од Левица
Одбиени се сите 101 тужба од Левица, кои политичката партија ги достави до Управниот суд. По нив расправаше судечкиот совет на повеќе одвоени седници, а тужбите се одбиени како неосновани. Левица се жалеше на изборни нерегуларности и дека им се украдени три пратеника на предвремените парламентарни избори кои беа одржани на 15 јули.
Судиите денеска ги разгледуваа и тужбите пристигнати од СДУ и од Демократи и тие се исто така одбиени. Се очекува до крајот на денот да се донесе одлука и по две тужби од МОРО – Работничка партија.
Тужби имаат поднесено и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ – две и Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш Северна само Македонија” – една, за кои Управниот суд закажи јавни седници за утре.
Претходно денеска од Управниот суд информираа дека тужбите поднесени од Интерга, Алијанса за Албанците и Алтернатива и едно физичко лице, се одбиваат како неосновани и се потврдуваат решенијата на Државната изборна комисија.
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
