Одбиено барањето за екстрадиција на Роман Полански во САД
Суд во полскиот град Краков денеска го одби барањето на американските правосудни власти за екстрадиција на познатиот филмски режисер Роман Полански во САД.
Во кусата изјава, судијата Дариуш Мазур рече дека барањето на американското правосудство е „недопустливо“. Полското обвителство може да поднесе жалба на ваквата судска одлука.
Полански, кој не присуствуваше на рочиштето во краковскиот Суд, во 1977 година беше уапсен во САД под обвинение за педофилија и за сексуална врска со 13-годишно девојче.
Во 1978 година додека живееше во Холивид, Полански призна дека имал секс со малолетничка и беше осуден на куса затворска казна. Во затвор мина 42 дена, а потоа беше пуштен со кауција до следното сослушување, што требаше да се одржи по жалбата на Обвинителството.
Плашејќи се дека казната може да му биде зголемена, Полански побегна од САД, а американските власти распишаа потерница по него, со барање за екстрадиција.
Познатиот режисер, кој сега има 82 години, има француско и полско државјанство и постојано живее во Франција.
Од таму не може да биде екстрадиран во САД, затоа што француските закони не дозволуваат екстрадиција на француски државјани. Тој сега снима нов филм во Полска, па Американците се обидуваат од таму да го префрлат во САД за конечно да се соочи со правдата.
Неговите полски адвокати тврдат дека „нема основа за екстрадиција“ затоа што Полански веќе признал пред судот дека имал малолетнички секс и бил осуден за тоа, но властите во САД не мислат така.
Претставник на полската партија на Правдата и правото, која победи на парламентарните избори во неделата, изјави дека Полански сепак треба да биде екстрадиран за да се соочи со правдата и за она за што го обвинуваат во САД.
Роман Полански, кој е со еврејско потекло, е роден во Полска. Неговата мајка била убиена во концентрациониот логор Аушвиц, а тој по Втората светска војна емигрирал во САД.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот