Спорт плус
6. January 2021 - 19:46

Одбојкарите подготвени за дуелите со БиХ и Турција

Македонската одбојкарска репрезентација го доживеа и вториот пораз на гостувањето во Софија. Како и вчера Бугарија славеше идентично со 3-1 со што нашата репрезентација ги заврши подготовките за европските квалификации. 
И на денешната средба Македонија започна добро и го доби првиот сет со 25-23 со што отвори простор за прва победа против фаворизираната селекција.  Сепак Бугарија не дозволи изненадување и тоа го најави во вториот сет кој го доби со 25-17 додека во третиот се играше израмнето  се до самиот финиш кога домаќинот подобро се снајде и го освои сетот со 25-20. Во последниот  освоивме 20 поени за конечни 3-1 за Бугарија која четири пати не совлада во контролните средби 
На двете средби во нашиот тим се истакна Никола Ѓорѓиев со 14 односно 10 поени. 
За Македонија следуваат квалификациските дуели за ЕП во Скопје во кои ќе играме против селекциите на Би Х и Турција откако Данска го откажа настапот поради пандемијата со корона-вирус. 
Турнирот ќе се игра двокружно и завршува на 16-ти јануари.  На ЕП ќе патува првопласираната репрезентација во групата како и петте најдобропласирани втори селекции.