Loading Video...
Спорт плус
19. September 2019 - 19:42

Одбојкарите се вратија како спортски херои

Нашите најдобри одбојкари го завршија настапот на ЕП откако Турција загуби од Финска во последното коло со што овие две селекции ќе разигруваат во осминафиналето. За Македонската јавност и покрај ваквиот расплет одбојкарите се вистински спортски херои

            Недоволни беа победите против Словенија и Белорусија за да Македонија отпатува за Франција на осминафинален мегдан токму со еден од кодомаќините на шампионатот. За тоа се погрижија Турција и Финска кои одиграа со резултат кој им одговара на двете селекции, победа на Финска од 3-2.

            Тоа е во спортот по радувањата доаѓаат и разочарувања.  Македонија сепак не разочара на своето деби на Европските првенства иако имаше реални шанси за повеќе. Можеби токму овие момчиња се вистинскиот репер за нашите можности но и за состојбите во овој спорт. Скромна лига, малку клубови , одбојкари кои се бројат на прсти но сепак големо срце и многу желба да се успее. За тоа говорат настапите во европската лига но пред се овој историски пласман , првпат на континентален собир.  Нешто што не ни успеа кога имавме одбојкарски великани како Вардар, Работнички, Струмица, Шкендија, Нико Доага моќни и добро организирани клубови кога одбојката регрутираше многу повеќе одбојкари отколку денеска кога секоја година стартот на првенството е под знак прашалник.  Нека овој прв настап во Европа биде мотив за сите да и дадеме повеќе простор на одбојката бидејќи се работи за спорт кој со мала помош и скромно финансирање може многу да ни донесе, пред се нови учества на европските собири но и во Светската лига која е врв на овој спорт. Уште еднаш браво дечки игравте со срце за Македонија.  

            Во меѓувреме одбојкарите се вратија во Скопје  и со музика и песна беа пречекани од своите најблиски со верба дека ќе продолжат и понатаму успешно да ја претставуваат нашата држава.