Одбраната бара да не се слушаат снимки во предметот „Тортура“
Со изведување на докази на Специјалното јавно обвинителство, односно видео и аудио снимки, денеска продолжи судењето за предметот „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошковски.
Бранителот Љупчо Шврговски побара воопшто да не се пушта снимка од разговорот меѓу Сашо Мијалков и Драган Павловиќ-Латас со образложение дека се нарушува приватноста на Мијалков и дополнително побара да се исклучи јавноста за другите аудио докази.
На ова, обвинителот Љубомир Лапе од СЈО рече дека приговорот на одбраната бил за четвртиот разговор, а не за првиот, и оти тогаш треба да реагираат, а не анблок за сите разговори.
Во снимката што беше пуштена се слуша како Латас му вика на Мијалков да биде уапсен Бошковски во кафеана и да биде влечен на под. Мијалков го нарекува Љубе „лудак“ и додава „се бореше кучето“.
По пуштениот разговор, адвокатот Шврговски повторно реагираше дека во снимката има политичка конотација и приватен разговор и оти се прави театар за јавноста. Тој упорно бара да не се слушаат снимките.
Во овој предмет обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски - Пуки и уште петмина припадници на единицата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка
-
Лефков: Филипче и СДС сега глумат декларативно оградување од ДУИ
-
Дефиле под маски