-->
-->
Одиграни средбите од 3.коло во претквалификациите за Мундобаскет
-->
Со петте натпревари кои се играа синоќа, а во рамките од 3.коло комплетирана е првата фаза од претквалификациите за Светското кошаркарско првенство кое следната 2018 година ќе се одржи во Кина.
За нас секако најзначаен беше дуелот во Талин, каде селекцијата на Естонија го победи косово со 76-50 во рамките од Ц групата во која настапува и македонската репрезентација која во сабота во Скопје ќе игра против Косово. На табела лидер е Естонија со 4 бодови, пред Косово кој сега има 3, а Македонија има 2 бода.
На натпреварите од другите групи беа постигнати следниве резултати:
А група: Словачка – Шведска 68-59 и Босна и Херцеговина - Ерменија 98-85.
Табела: БиХ 5 бодови, Ерменија 5, Шведска 4, Словачка 4.
Б група: Холандија - Албанија 91-77.
Табела: Холандија 4, Австрија 3, Албанија 2.
Д група: Белорусија – Португалија 78-75
Табела: Бугарија 4, Белорусија 3, Португалија 2.
Натпреварите од 4.коло на програмата се во сабота.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања
-
Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“
-
Тошковски - Давкова: Ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото