Одложени неколку летови на Скопскиот аеродром
На Меѓународниот аеродром во Скопје одложени се неколку летови поради маглата што ја зафати скопската котлина во изминатото деноноќие.
Според најновите информации на веб страницата на Скопскиот аеродром одложени се летовите од Истанбул, Дортмунд и Ајндховен.
Како што е објавено на веб страницата, одложено е и полетувањето кон Фридрихсхафен и кон Истанбул.
Синоќа беше откажан летот од Истанбул, додека летот од Цирих беше пренасочен.
Вчера попладне, пак, по 16 часот не слетал авионот на „Сан експрес“ од Анталија, како и авионите на „Визер“ од Меминген и Баден Баден. Авионот на „Лот“ од Варшава исто така не успеал да слета на Скопскиот аеродром и се вратил назад кон Полска.
На патниците им се препорачува да ги следат официјалните канали на Скопскиот аеродром и бидат во контакт со авиокомпаниите за најновите информации за летовите.
Ново на Сител
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел
-
Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотен затвор за Васил
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник