Одложено рочиштето за „Монструм”
Боледувањето на адвокатот Асмир Алиспахиќ, бранител на дел од обвинетите во случајот „Монструм” го одложи денешното рочиште за петкратното убиство кај Смилсковото Езеро, во април 2012. Ова е второ рочиште по ред што се одлага, откако последното не се одржа од причина што друг бранител во постапката беше во самоизолација поради коронавирусот.
Случајот „Монструм” кој по одлука на Врховниот суд, повторно се суди во Кривичен суд Скопје, и моментално е во фаза на доказна постапка.
Судењето за овој предмет го води судијата Огнен Ставрев, додека застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
Во случајот „Монструм“, за петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, се обвинети Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.
Ново на Сител
-
Папата Франциско ќе биде погребан најдоцна за девет дена, соопшти Ватикан
-
Писмо од скопскиот бискуп Киро Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
По смртта на папата, Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“
-
Ѕвоната на катедралата Нотр Дам заѕвонија 88 пати
-
Пожар во стан во Скопје, сопственикот се здобил со изгореници
-
Тројца жители на Конопница од тераса турнале сограѓанин
-
Пожар во стан во Прилеп
-
Приведени пет скопјани и кумановец откако кај нив била пронајдена дрога