Одложено судењето за деветмината полицајци обвинети во врска со трагедијата во дискотеката Пулс

Судењето за деветмината полицајци обвинети во врска со трагедијата во кочанската дискотека Пулс, кои се товарат за пропуштањето на службените обврски за издавање согласност за дискотеката да добие лиценца, се одложува за 1 јуни со цел одбраната да може да обезбеди и изврши убид во доказите.
Судскиот процес го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Спасенка Андонова.
Одбраната на дел од обвинетите пред почетокот на денешното рочиште побара од Судот да достави барања до МВР, БЈБ и УЈП за обезбедување докази, декласификација, како и право на увид на вешто лице што е најавено да прави вештачење.
Обвинителката Спасенка Андонова по предлозите на одбраната рече дека ќе се произнесе откако ќе бидат обезбедени и ќе направи увид и анализа.
-Имајќи предвид дека одбраната има доставено дел од листата на докази со прилози, дел од одбраната денеска доставува докази, а голем дел се со барања од институции од кои не им е одговорно и бара од Судот таквите барања да им бидат одговорени, Обвинителството по тие ќе се произнесе откако ќе бидат обезбедени и ќе направи увид и анализа - рече обвинителката.
Одбраната на Димче Аврамов, бараше од Обвинителството и Судот да се обезбеди доказ од предмет за кој веќе е запрена постапката, а како што посочи докажува дека обвинетиот три години барал увид во документацијата за Пулс и не давал согласност и дека ја потпишал по наредба на повисок старешина.
-Само тој доказ го бараме да биде обезбеден, изјави одбраната.
ОЈО-ГОКК ги товари сите деветмина за "Злоупотреба на службената положба" за тоа што во период од една година пропуштиле да преземат службени дејствија и неопходни проверки од аспект на јавната безбедност и сообраќајните решенија, а кои биле неопходни од аспект на обезбедувањето на одобрение - лиценца за работа на дискотеката Пулс.
МИА
Ново на Сител
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
-

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот
-

Мицкоски: Интензивно се работи делот од Кичево до Охрид, ќе биде готов во планираниот рок до првиот квартал в година
