Одложено второто рочиште за случајот „Пуч“

Второто рочиште за случајот „Пуч“ и денеска се одложи, а лидерот на ба СДСМ Зоран Заев повторно не дојде во судот. Јавниот обвинител во случајот „Пуч“ денеска достави предлог до судот на Заев повторно да му биде одземена патната исправа.
Воедно, побара да му се укине мерката на претпазливост според која Заев требаше секој понеделник да се јавува во судот во Струмица.
По предлогот на обвинителот треба да се произнесе Кривичниот совет при Основен суд Скопје-1.
Овој предлог на Обвинителството доаѓа една недела пред рокот до којшто треба да се избере специјалниот обвинител, кој според политичкиот договор треба да постапува по случаите „Прислушување“ и „Пуч“. Заев во процесот „Пуч“ е четвртообвинет и се товари за насилство кон државни функционери.
На минатото судско рочиште Заев не се појави, изјавувајќи дека не го почитува судот кој, според него, е под целосна контрола на власта.
Ново на Сител
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
-

Недостигаат хотели со поголеми капацитет
