Односите меѓу Хрватска и Србија не се добри, смета советник на хрватската претседателка
Еден ден откако Хрватска со повеќе манифестации одбележи 20-годишнина од „Бура“, а Србија Ден на сеќавање на српските жртви во оваа воено-полициска акција кога над 220.000 Срби беа протерани, двете држави разменија протестни ноти, додека советникот на хрватската претседателка Мате Граниќ изјави дека односите меѓу двете земји не се добри и не е време српскиот претседател Томислав Николиќ да ја посети Хрватска.
За Граниќ, како и за хрватскиот државен врв, акцијата „Бура“, во која 220.000 Срби се протерани, а речиси 2.000 лица се убиени или исчезнале, била легална и легитимна воена операција.
Запрашан дали може да се оствари посетата на Томислав Николиќ на Хрватска и средба со хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ по неговата изјава за создавањето на денешна Хрватска и дека земјата не одржала парада на Денот на победата над фашизмот бидејжи не може да оди против себе, Граниќ истакнал дека „односите не се добри и поради своите изјави Николиќ не може да ја посети Хрватска“.
- За да можат Белград и Загреб да ги нормализираат односите потребно е да се работи на конкретни прашања, смета советникот на Китаровиќ.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка