Односите со САД се на ултра високо ниво, да не избрзуваме со заклучоци поврзани со визата на Лимани, изјави премиерот
Односите меѓу Владата и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, како и тие со администрацијата во американската Амбасада тука се на ултра високо ниво, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на прес- конференцијата по извршениот увид на градежни активности во Ѓорче Петров.
Премиерот Мицкоски коментирајќи го случајот со одбиената американска виза на министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, порача да не се избрзува со заклучоци.
- Јас не би избрзувал со заклучоци поврзани со визата, да почекаме, што ако добие најскоро тогаш што правиме што ќе се случи?! Затоа да не брзаме, знаеме точно што правиме нема да направиме ниту милиметар спротивен од интересот на државата и граѓаните, изјави Мицкоски.
Американската амбасадорка Анџела Агелер вчера во врска со одбиеното барање за виза на министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани упати одговор да се бара кај самиот апликант, посочувајќи дека САД имаат строги закони за приватност и дека не може да коментира прашања поврзани за добивање на американска виза за ниту еден апликант.
– Имаме многу строги закони за приватност во Соединетите Американски Држави и затоа не можам да коментирам какви било прашања за виза за ниту еден поединец. Би ве упатила кај министерот да ви каже за тоа што се случило, но, исто така, ќе кажам дека секој апликант за американска виза, процесот за добивање на американска виза му се објаснува на поединецот, а доколку има нешто дополнително, тоа е исто така објаснето, рече Агелер.
Ново на Сител
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар
-
Сквернавење на гробишта
-
Мицкоски: Народот е желен за правда, затоа може да протестира против Судски
-
Уставен спремен за подготвителната седница – домашни и странски експерти ќе дадат оценка за Законот за јазици
-
Бугарија испрати политичка порака деке не е заинтересирана за железничко поврзување со Македонија
-
Политичкиот притисок врз ССМ ќе се одрази во извештајот за напредокот на Македонија