Одобрени обвиненијата против 13 полициски службеници за пожарот во „Пулс“

Советот за оценка на обвинителен акт при Основен кривичен суд Скопје донесе решенија со кои во целост ги одобри двата обвинителни акта поднесени од Основно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по што се формирани и два кривично-правни предмети, поврзани со пожарот во Кочани и со ИПАРД програмата.
Првиот предмет се однесува на 13 полициски службеници кои се товарат за „тешки дела против општата сигурност“, поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
- Со решението се одобрува во целот обвинителниот акт против 13 полициски службеници кои се товарат дека сториле кривично дело – тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот кој на 16 март 2025 година се случи во објектот „Пулс“ во Кочани, се наведува во соопштението од Судот.
Вториот предмет се однесува на финансиски малверзации и примање поткуп во врска со европската ИПАРД програма.
- Обвинителниот акт е однеува против пет физички лица за различни кривични дела и тоа: давање поткуп, давање награда за противзаконито влијание, примање награда за противзаконито влијание и примање поткуп, во чиј склоп е и обвинителен предлог против четири други физички и едно правно лице, а поврзани со користење средства преку ИПАРД програмата, се посочува во соопштението од Кривичниот суд.
Предмети согласно АКМИС – системот ќе бидат распределени на понатамошно постапување кај надлежни судии, а откако ќе биде насрочени главна расправи по конкретните предмети, термините ќе бидат достапни преку Календарот за судење на веб страната на судот, велат од Основниот кривичен суд Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
