-->
-->
Одржан семинарот за кошаркарски тренери
-->
Во малата сала на СРЦ „Кале“ во Скопје, вчера и денеска беше одржан семинар за тренери кој претходно го закажа Здружението на кошаркарски тренери. Претседателот на тренерската комисија при Македонската кошаркарска федерација, Боро Даскаловски, ги информира сите кои беа присутни за начинот на лиценцирање на тренери за наредната сезона односно за нивното континуирано стручно усовршување.
„Она што речиси две години е подготвено ќе започне да се реализира по предвидената програма. Сите тренери кои се во кошарката подолго време, но немаат соодветно образование ќе можат да се стекнат со лиценци доколку ја реализира предвидената програма која се состои од теоретска настава, практична настава, практична настава со ментор како и краен испит. По исполнување на сите зададени работни задачи кандидатките односно кандидатите ќе се стекнат со лиценцата за која конкурирале“ - накусо објасни Даскаловски, кој воедно е и професор на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.
На семинарот беше одржан и тренинг со дел од селекцијата на Македонија до 18 години на кој гостите Драган Јаковлевиќ, заедно со Јанко Луковски демонстрираа дел од акциите за подобрување на играта во транзиција, агресивноста како и соодветна реакција.
„Мило ми е што имам чест да одржам едно кусо предавање во една од Републиките на Балканот кој дала голем број на асови. И во Македонија и во Србија имаме тренери кои се дел од таа југословенска школа или имаат барем мала нишка и се свесни колку е важна едукацијата и работата на тренерите во кошаркарската сфера. Порано, Југославија создаваше врвни спортисти, кошаркари, а сега случајот не е таков. Во минатите четири години, Србија конкретно создаде двајца играчи што е поразителна бројка. Без разлика дали работите во мал или во голем клуб, мора постојано да се работи со кошаркарите“ - Јаковлевиќ ги поддржа ЗКТ и тренерската комисија при федерацијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња