Одземени возила од полицијата - причина за блокада на обиколницата над Битола

Во 16:10 часот блокиран е сообраќајот на патниот правец А-3 Ресен-Битола кај битолското место викано „Ромската населба“, соопштија од АМСМ.
Од АМСМ информираа дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини бил умерен. На граничните премини од македонска страна, немало подолги задржувања за влез и излез од државата.
Учесниците во блокадата објавуваат видеа и фотографии од настанот на социјалните мрежи, додека возачите што се нашле на патот се приморани да се движат по алтернативни рути преку блиските селски патишта.
Според првични информации од локалните медиуми, незадоволството на граѓаните произлегува од измените на Законот за сообраќај, односно од новите одредби поврзани со возачките дозволи. На терен веќе е присутна полицијата, која презема мерки за воспоставување ред и регулирање на сообраќајот во овој дел од градот.
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
