Оер: Наша цел е европска интеграција на Македонија

Македонија и Франција во контиунитет негуваат силни врски, а наши постојани цели се евроинтеграција на вашата земја, единство и просперитет на вашиот народ, истакна француската амбасадорка Лоренс Оер синоќа на приемот по повод Денот на Бастиља - националниот празник на Француската Република.
- Денес ги славиме врските кои се силни и постојани и кои ги негуваме веќе 22 години меѓу Франција и Република Македонија: во областа на економијата со претпријатија и инвестиции, во образованието со акредитацијата на француското меѓународно училиште во Скопје, со размената на лица преку основањето на мрежа од поранешни студенти, државната соработка и голем број проекти со граѓанското општество. Нашите постојани цели се европска интеграција на вашата земја, единство и просперитет на вашиот народ, рече амбасадорката Оер.
На свеченоста органзирана во дворот на Амбасадата присуствуваа престедателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, на Парламентот Трајко Вељаноски, вицепремиерот Владимир Пешевски, други министри, претставници на НВО секторот, на бизнис заедницата, дипломатскиот кор, верски лидери и други гости.
Таа особено го поздрави присуството на претседателот на парламентарната група за пријателство Франција - Македонија при француското Собрание, Филип Диран, кој со неговата посета, рече, дава поддршка во политичкиот дијалог.
Инаку, Оер нагласи дека овогодинешното одбележување на националниот празник официјален Париз го стави во знакот на единството на нацијата, на европско единство, особено по договорот за зачувување на еврозоната, а во поглед на конференцијата на ОН за климатските промени (ЦОП21, која ќе се одржи во Париз во ноември како најзначаен глобален предизвик во деценијата за народите и за планетата.
Ново на Сител
-

Владината реконструкција на дневен ред во Собранието
-

Нема опозициска средба на Изборниот законик
-

Мисајловски на увид на градежните работи во касарната Ќојлија
-

Прилеп доби Центар за услуги, граѓаните ќе може на едно место да ги добијат сите потребни документи
-

Светот го истражува македонскиот неолит
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со министерката за образование и наука, Весна Јаневска
-

САД ке ја предводи истрагата за инцидентот на „Рајанер“ што се случи на македонското небо
