Официјален пречек на Фон дер Лајен пред Владата
Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски попладнево, на платото пред Владата, со највисоки почести ја пречека претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен.
На официјалниот пречек присуствуваа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши.
Фон дер Лајен е придружувана од еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, а на Меѓународниот аеродром Скопје беше пречакана од вицепремиерот Маричиќ.

По завршувањето на церемонијата за пречек на која беше интонирана македонската химна, двете делегации ќе продолжат на тет-а-тет и билатерални средби. Потоа, според агендата, следува потпишување договор помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за Европската гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија.
По потпишувањето на договорот во Свечената сала на Владата, премиерот Ковачевски и Фон дер Лејен треба да одржат заедничка прес-конференција.
Фон дер Лејен вечерва се очекува да има средба и со претседателот на државата Стево Пендаровски.
Со посетата на земјава, Фон дер Лајен ја почнува турнејата низ Западен Балкан која ќе трае до 29 октомври. Главната порака која се очекува да ја пренесе претседателката на Европската Комисија е посветеноста на ЕУ за европската интеграција на регионот.
Како што информираат од Делегацијата на ЕК во Скопје, Фон дер Лејен за време на посетата на земјава ќе ја претстави дополнителната поддршка што ЕУ ќе и ја даде на Северна Македонија и на регионот за да помогне во ублажувањето на актуелната енергетска криза.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
-

Ангелов и Јанчев: Пожарот во Кавадаречко се очекува до крајот на денот да биде изгаснат во целост
-

Македонија прва во Европа по растот на минималната плата
