Официјално пуштена за сообраќај улицата „Јордан Мијалков“
Премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Град Скопје денеска официјално ја пуштија за сообраќај „Јордан Мијалков“. Инестицијата е вредна околу 45 милиони денари, а е дел од еден поголем проект кој треба да го олесни сообраќајот од општина Карпош до Кисела Вода.
- Улицата „Јордан Мијалков“ е дел од еден поголем проект за една нова подобра комуникација помеѓу Карпош и Кисела Вода во кој влегуваат и подземната сообраќајница односно тунелот, кој ќе биде дел од јужниот булевар. Тој, заедно со булеварот „Свети Кирил и Методиј“ и оваа улица практично ќе претствуваат една целина за побрзо и поефикасно поврзување овие две општини, рече премиерот Никола Груевски.
Додаде дека по реконструкцијата на оваа улица останува да се работи на другите делови од проектот со цел да се заврши целината. Ова, рече премиерот, е сеопфатен план за овој дел од центарот на Скопје кој ќе го направи протокот на возила многу полесен, поефикасен и побезбеден
Градоначалникот Трајановски информира дека инвестицијата е вредна 45 милиони евра, од кои 43 за градежниот дел и два милиони за осветлување. Променета е, рече, и водоводната мрежа, атмосферската и фекалната канализација.
- Покрај улицата дел од проектот е и правењето една сервисна улица во должина од 200 метри и широчина од 6 метри и дополнителни паркинг места. Сметаме дека на ваков начин ќе се подобри сообраќајот во овој дел од градот побрзо ќе се стасува од Карпош кон Кисела Вода, но и општина Аеродром, а ќе се намали емисија на штетни гасови, рече Трајановски.
Додаде дека се планирани три кружни тека, еден кај зградата на „Нова Македонија, еден на раскрсницата со улицата „Павел Шатев“ и третиот кај „Кочо Рацин“.
Проширувањето на улицата е направено во должина од 750 метри по што таа доби три коловозни ленти, улично осветлување, сервисна улица и паркинг.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата